Времетраење: ноември 2018 година – април 2019 година

Финансиер: УНИДО (Unuted Nations Industrial Development Ogranization)

Коорисник на проектот: Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPs) на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)

Цел на проектотЦелта на проектот е информирање на засегнатите страни и целокупната јавност за постапката поврзана со отстранување на линданот од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС во Скопје. Со вклучување на експерти за односи со јавноста и подигнување на јавната свест, јавното здравство, заштитата на животната средина, како и други невладини организации со релевантна експертиза на оваа тема, МЕД во рамките на овој проект се обидува да ги сподели информациите до сите засегнати страни во врска со отстранување на линданот од ОХИС на најтранспарентен и најсоодветен начин.

Лице за контакт: Светлана Пејовиќ arsovska@mes.org.mk

Новости од проектот

Од
Постирано на

Студиско патување во биосферниот резерват Рон во Германија

Од 21 до 25 октомври 2019 година Македонско еколошко друштво заедно со локални невладини организации од Шар Планина, претставници на локално население и други јавни институции учествуваше на [...]

Белоглавите мршојадци кои беа најдени изнемоштени во Берово се повторно на слобода

На 30 октомври, на хранилиштето за мршојадци на Витачево управувано од здружението „Аквила“ во близина на Кавадарци успешно беа пуштени во природа двата млади белоглави мршојадци кои од глад и [...]

Партнерски состанок за балканскиот рис во Пеќ, Косово

На почетокот на октомври оваа година во Пеќ, Косово, се одржа иницијалниот состанок за започнување на петтата фаза од Програмата за закрепнување на балканскиот рис. На состанокот присуствуваа [...]

Едукативен камп за истражување на биолошката разновидност на Пелистер

Oд осми до 13ти јули, МЕД во ко-организација со Истражувачкото друштво на студенти биолози и ПреспаНет донесе студенти-волонтери од трите држави низ кои се простира преспанскиот басен, со една [...]

Заврши и втората сезона на мониторинг на египетски мршојадци

Македонското еколошко друштво реализираше уште една сезона на мониторинг за определување на гнездовиот успех во рамки на проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“. После пет и пол месеци [...]

Вело птичарска дружба во Преспа

МЕД во соработка со Велосипедски кружок Милтон Манаки и Велосипедско планинскиот клуб ПреспаБајк организираа на средина на септември, настан за набљудување на птици со велоспидиска тура околу [...]

Во Скопје одбележан меѓународниот ден на мршојадците

На 7 септември во Зоолошката градина во Скопје, Македонското еколошко друштво во соработка со Истражувачкото друштво на студенти биолози организираше настан по повод меѓународниот ден за [...]

Публикации во врска со проектот за подигнување на јавната свест за процесот на отстранување на линданот од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС во Скопје

Македонско еколошко друштво во рамки на активностите за подигнување на јавната свест во рамките на проектот „Отстранување на технички и економски пречки за започнување на активностите за [...]

Од
Постирано на

ДАБ – дрво на старите Словени

Дабот, едно од најважните и најценетите дрвја во многу шуми и други екосистеми, е симбол на отпорност и цврстина. Квалитетот на дабовото дрво и неговата цврстина најдобро го илустрира фактот дека [...]

Од
Постирано на

Започнува процес на идентификација на шуми со високи природни вредности

Првата работилницата за презентирање на концептот за идентификација на шумите со високи природни вредности и дискутирање на предлог-критериумите за нивна идентификација (одржана на 28 мај 2019 [...]

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате