Критериуми за аплицирање

Апликантот не треба да биде постар од 30 години (на 31.01.2021). Апликантот треба успешно да реализирал мал грант од оваа програма, или да имал истакната улога во реализација на друг проект од слична тематика, за што треба да обезбеди потврда од организацијата/институцијата преку која го спроведувал проектот, или друг еквивалентен доказ за претходно релевантно искуство. Предложениот буџет на еден проект не треба да надминува 183.000,00 денари вкупно за двете години. За разлика од малите грантови, резултатите од двогодишните грантови се очекува да бидат објавени во рецензирано научно списание со меѓународен уредувачки одбор. Ќе бидат одобрени до 5 проекти. Краен рок за поднесување на апликацијата е 15.03.2021

Критериуми за избор на проектите (минимум и максимум бодови)

  1. Остварливост на проектот 1-3
  2. Проценка на финансискиот план 1-3
  3. Квалитет на предлог-проектот 1-3
  4. Предложена методологија за работа 1-3
  5. Досегашна активност и членство во МЕД 1-3
  6. Обезбедено соодветно менторство и тема во рамките на стратешкиот план на МЕД 1-3 (види прилог)
  7. Застапеност и соодветна позиционираност на членовите на проектинот тим 1-3
  8. Побарани средства 1-3

Резултатите од повикот ќе бидат објавени на веб-станицата на МЕД на 29.03.2021 година.

Потребни документи:

На овој линк може да го преземете упатството за подготвување на предлог проекти. Според инструкциите пополнете го онлајн формуларот преку кој дополнително ќе биде побарано да прикачите:

  1. Биографија на раководителот на проектот,
  2. Биографија на менторот/постариот истражувач на проектот,
  3. Биографии или описи на членовите на проектниот тим
  4. Временска рамка и буџет (урнек преземете од овој линк)

Наведените документи треба да се прикачат во соодветните полиња при пополнување на онлајн формуларот. За секакви дополнителни прашања испратете меил на Драган Арсовски на arsovski@mes.org.mk

 

 

 

 

За реализација на проекот и добивањето на одобрените средства, апликантите ќе треба да потпишат договор со МЕД. Содржината на договорот е дадена тука.

Start typing and press Enter to search