Додека го чекаме пристигањето на првиот египетски мршојадец во Македонија веќе се подготвуваме за едукација на идните чувари на гнезда. Во Демир Капија оваа година прв пат ќе се спроведува специјализиран едукативен пакет за египетскиот мршојадец. Содржините на пакетот лесно се адаптираат кон материјалот кој е веќе дел од образовниот процес. Подготвените лекции дополнуваат информации и обезбедуваат активности преку кои учениците практично и преку истражувања ќе дознаат повеќе за птиците кои имаат привилегија да ги гледаат во нивна близина.

Покрај учениците од Демир Капија за египетскиот мршојадец ќе учат и ученици од Бугарија, Албанија, Грција, Турција и повеќе земји од Блискиот Исток и Африка. Сите овие земји ги обединува единствениот европски мршојадец кој мигрира. Додека египетскиот мршојадец кај нас гнезди, тој надлетува над Блискиот Исток и Северна Африка за време на миграцијата кон Централна Африка каде и ја поминува зимата.

Откако учениците ќе ги поминат материјалите тие од МЕД ќе бидат признаени како помлади чувари на гнезда и ќе добијат соодветни признанија и награди. Се надеваме дека сите ученици кои ќе се запознаат подобро со оваа птица ќе ја засакаат и ќе сакаат да и помогнат да продолжи да гнезди на нашите карпи.

Доколку сакате и вашето училиште или семејство да ги добие овие материјали како и поддршка од нас за нивно користење ве молиме да ни се обратите на putilin@mes.org.mk.

За повеќе информации во врска со египетските мршојадци низ светот кликнете тука

Start typing and press Enter to search