Критериуми за аплицирање

Апликантот не треба да биде постар од 26 години (на 31.01.2021). Предложениот буџет на еден проект не смее да надмине 73.000,00 денари. Ќе бидат одобрени до 8 проекти. Краен рок за поднесување на апликацијата е 01.03.2021.

Критериуми за избор на проектите (минимум и максимум бодови)

  1. Остварливост на проектот 1-3
  2. Проценка на финансискиот план 1-3
  3. Квалитет на предлог-проектот 1-3
  4. Досегашна активност и членство во МЕД 1-3
  5. Обезбедено соодветно менторство и тема во рамките на стратешкиот план на МЕД (види прилог) 1-3
  6. Застапеност и соодветна позиционираност на членовите на проектинот тим 1-3
  7. Побарани средства 1-3

Резултатите од повикот ќе бидат објавени на веб-станицата на МЕД на 08. 03. 2021 година.

Потребни документи:

На овој линк може да го преземете упатството за подготвување на предлог проекти. Според инструкциите пополнете го онлајн формуларот преку кој дополнително ќе биде побарано да прикачите:

  1. Биографија на раководителот на проектот,
  2. Биографија на менторот/постариот истражувач на проектот,
  3. Биографии или описи на членовите на проектниот тим
  4. Временска рамка и буџет (урнек преземете од овој линк)

Наведените документи треба да се прикачат во соодветните полиња при пополнување на онлајн формуларот. За секакви дополнителни прашања испратете меил на Драган Арсовски на arsovski@mes.org.mk

 

 

 

 

За реализација на проекот и добивањето на одобрените средства, апликантите ќе треба да потпишат договор со МЕД. Содржината на договорот е дадена тука.

 

Start typing and press Enter to search