Климатските промени ги туркаат животните кон север, но проширувањето на нивната распространетоста не е едноставно поради човечки фактори како деградација на хабитати и прекумерна експлоатација на природни ресурси. Ново истражување ја согледува улогата на заштитените подрачја во менувањето на распространетоста на водните птици кои презимуваат во Европа и Северна Африка. Заедниците на птици побрзо се шират во заштитени подрачја отколку надвор од нив:

  • „Поместувањето на распространетоста на водните птици се движи за скоро 40% побрзо во заштитени подрачја отколку надвор од нив. Заедниците на птици се имаат поместено околу 90 километри кон север во последните 25 години“, изјави пост-докторандот Ели Гагет во Универзитетот на Турку.

    Цензус на водни птици во Дојран

Заштитените подрачја не само што помагаат во колонизацијата кон север туку и дополнително го запираат локалното истребување на птици во нивната јужна распространетост. Затоа се смета дека заштитените подрачја можат да ја прошират распространетоста на целиот вид на птици.

Цензус на водни птици во Преспа

Покрај самостојни заштитени подрачја, мрежите на заштитени подрачја влијаат на ширењето на водните птици. Поместувањето на заедниците на птици се случува побрзо во предели каде има густи мрежи на заштитени подрачја за разлика од предели каде заштитените подрачја се ретки.

  • „Нашите откритија укажуваат на тоа дека мрежите на заштитени подрачја, кои биле прогласени за да се спречи уништувањето на хабитати и прекумерната експлоатација, сега се важни и за ублажување на ефектите на климатските промени врз биолошката разновидност“, изјави професорот Јон Бромер од Универзитетот во Турку, кој го предводеше истражувањето.

Истражувањето се заснова на меѓународна соработка и користи десетици илјади цензуси на водни птици кои покриваат 97 вида на птици, во 39 земји во последниве 25 години. Ваков цензус спроведуваме и ние во Македонија повеќе од 10 години. Меѓународната координација на овие цензуси на водни птици ја прави Wetland International а истражувањето е објавено во научното списание Конзервациска Биологија.

Линк до публикацијата: https://conbio.onlinelibrary.wiley.com/doi/abs/10.1111/cobi.13648

Доколку сакате да добиете повеќе информации можете да ги контактирате:

Post-doctoral researcher Elie Gaget, Department of Biology, University of Turku, elie.gaget@gmail.com

Professor Jon Brommer, Department of Biology, University of Turku, jon.brommer@utu.fi

 

Start typing and press Enter to search