Вториот конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество беше организиран и одржан во Охрид, во периодот 25–29 октомври 2003 година.

Групирани во 9 работни еколошки секции, учесниците ги презентираа резултатите и научните достигнувања и тоа:

  1. Терестрични екосистеми;
  2. Акватични екосистеми;
  3. Зачувување на биодиверзитетот и геодиверзитетот;
  4. Агроекологија;
  5. Екологија на популации и биоценологија;
  6. Еколошки мониторинг;
  7. Загадување и заштита на животната средина;
  8. Еколошка едукација; и
  9. Учество на јавноста и НВО.

Презентираните трудови (вкупно 101 труд) и пленарни реферати се објавени и отпечатени во Зборник на трудови од 2 Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество. Охрид, 25-29 октомври 2003 година, и тоа претставени во шест сумарни секции:

  1. Терестрични екосистеми: екологија, екофизиологија и биоценологија;
  2. Акватични екосистеми и хидробиологија;
  3. Биодиверзитет: истражување и заштита; геодиверзитет;
  4. Агроекологија;
  5. Заштита и мониторинг на животната средина, и
  6. Еколошка едукација.

Подеднаков интерес и учество покажаа како научниците од Македонија така и од другите соседни земји од регионот, како Србија и Црна Гора, Бугарија, Словенија, Романија. Од изнесените презентации во текот на Конгресот, очигледно беше дека научниците од Македонија и регионот пошироко, во дадениот период најголемо внимание и интерес покажуваат кон проучувања насочени кон терестричните и акватични екосистеми и особено во полето на зачувување на биодиверзитетот и геодиверзитетот.

И покрај големите напори на МЕД да ги поттикнат и инспирираат многуте невладини еколошки организации од Македонија и регионот да земат учество на конгрес од овој тип, за жал секцијата која се однесуваше на нивната работа и учество во јавноста не резултираше со пријава и учество.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате